Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Менаџер на казино за малку ќе убиел коцкар што му барал тикет на заем
Магазин

Менаџер на казино за малку ќе убиел коцкар што му барал тикет на заем

09/08/2024

AA

Основното јавно обвинителство  Куманово денеска  донесе мерки за претпазливост и наредба за спроведување на истражна постапка против 32-годишниот менаџер на казино, кој вчера се обидел да лиши од живот друго лице.

На 8 август, во дворното место на сопствената куќа, осомничениот се обидел да лиши од живот друго лице. Осомничениот, менаџер во казино, пред да му заврши смената му дал на оштетениот на негово барање тикет во вредност од 6.000 денари како заем за да игра на покер апаратите. Кога се вратил дома, добил повик од вработена дека истото лице бара уште еден тикет, но тој не дозволил да му биде издаден. На тоа оштетениот започнал да му пишува заканувачки пораки на Вибер, инсистирајќи тикетот да му биде издаден.

Откако осомничениот не му го одобрил, оштетениот дошол во неговата куќа и влегол во дворот каде што седеле осомничениот и неговата девојка и започнал да вика и да се расправа, па тргнал накај него и физички да го нападне.

Во тој момент осомничениот зел кујнски нож од масата и му нанел убодна рана во предел на абдоменот, по што оштетениот му го одзел ножот, избегал на улицата и со возило на лица кои ги сретнал на улицата веднаш бил пренесен во болница.

– Бидејќи од описот на начинот на кој било извршено делото, наведен во кривичната пријава, произлегува можност во конкретниот случај да има елементи и на убиство на миг, нужна одбрана, пречекорување на нужната одбрана и слично, што ќе се утврдува по прибавување на сите неопходни докази, јавниот обвинител до Основниот суд во Куманово не достави предлог за определување мерка притвор туку мерки на претпазливост за осомничениот – забрана за напуштање на живеалиште, односно престојувалиште, привремено одземање патна или друга исправа за преминување на државната граница, повремено јавување кај службено лице во Судот, како и забрана за воспоставување и одржување контакт со оштетениот и со девојката која била сведок на настанот додека таа не даде исказ, се наведува во соопштението на ЈОРСМ. 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy