
Мегваер одново покажа дека е „дрво“ – чуваше соиграч при голот на Украина (ВИДЕО)
Дефанзивецот на Манчестер Јунајтед, кој подолг период е на удар на јавноста, па и на сопствените навивачи поради очајната форма во која се наоѓа, направи смешен потег, па наместо противникот тргна да го чува сопствениот соиграч и тоа колегата централен дефанзивец.
Епилогот беше лош за „Гордиот Албион“, односно топка во мрежата, што на крајот се покажа како клучно да не се освојат сите три бода.