
Медведев урлаше од болка, но пак успеа да го совлада Зверев и тоа со – пресврт (ФОТО)
Русинот во вториот сет незгодно го превитка скочниот зглоб по што падна, а присутните на трибините на момент можеа да слушнат како главни вика од болка. Но, Медведев стисна заби и по лекарската помош продолжи да игра и да ја продолжи победничката серија, со оглед што триумфира на трите претходно одиграни турнири.
Противник на патот кон финалето ќе му биде Александар Давидович-Фокина, кој претходно беше подобар од Кристијан Гарин.

