
Медведев без милост кон својот сонародник до прв триумф во Торино
За 96 минути игра, третиот светски рекет славеше со 6-4 и 6-2, не дозволувајќи му на својот голем пријател и кум да се понадева на евентуален триумф. Рубљев се држеше до средината на првиот сет кога првпат загуби гем на свој сервис, а потоа имаше три прилики да го врати, но не успеа. И при водство на 5-4 за Медведев, Рубљев имаше брејк-топки и тоа четири, но и тогаш беше деконцентриран во клучните моменти и неговиот ривал поведе со 1-0.
Во вториот сет беше многу полесно за Медведев, на стартот направи брејк, потоа поведе со 5-1 и по само осум гема дојде до вториот сет и триумфот. Рубљев ќе има можност за поправен во второто коло против Зверев, додека Медведев ќе се сретне со Алкараз.
