Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Медицинско чудо: 70- годишна жена роди близнаци
Македонија

Медицинско чудо: 70- годишна жена роди близнаци

01/12/2023

AA

Сафина Намукваја направила ин витро оплодување, а сега родила момче и девојче. Таа наводно била породена со царски рез во болница во Кампала.

Сафина, која е една од најстарите мајки што се породила, за локалните медиуми изјавила дека „се случи чудо“.

Вработените во болницата ѝ честитаа, наведувајќи дека нејзиниот случај е повеќе од „медицински успех“.

„Се работи за силата и издржливоста на човечкиот дух. Постигнавме нешто несекојдневно, породивме близнаци на најстарата мајка во Африка, која има 70 години!“, се наведува во соопштението на Меѓународниот центар за плодност (VHI&FC).

Според Центарот, Сафина ги родила близнаците вчера околу пладне и на неа и на бебињата им е одлично.

Намукваја изјави за локалните медиуми дека нејзината бременост била тешка бидејќи нејзиниот партнер ја оставил кога сфатил дека ќе роди близнаци.

“Мажите не сакаат да им велат дека носите повеќе од едно дете. Откако бев примена во болница, мојот партнер никогаш не се појави”, рекла таа.

Ова е втор пат Сафина да се породи во последните три години. Таа го роди своето прво девојче во 2020 година.

Рекла дека многу сакала да се породи бидејќи сите ја понижувале затоа што не се исполнила како мајка.

“Чував туѓи деца и ги гледав како растат и ме оставаат. Се прашував кој ќе се грижи за мене кога ќе остарам”, рекла Сафина.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Мистерија за смртта на бебе и жена во срцето на Рим: Лице снимено како шета

09/06/2025

Телата на шестмесечно бебе и жена во нејзините 40-ти години беа пронајдени на само неколку часа оддалеченост во паркот Вила

Чудо во Центар за новороденчиња: 14 медицински сестри истовремено бремени во САД

24/05/2025

Редок и невообичаен настан се случил во Центарот за жени и новороденчиња при болницата HSHS St. Vincent во Грин Беј,

Постара жена почина на гласачко место во Полска

18/05/2025

Постара жена починала на гласачко место во полскиот град Шчеќин, јави новинарката на „Полсат њуз“, Ана Носалска. „Полицијата доби пријава

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy