Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Медицина: Пациент ја напушта болницата по трансплантација на бубрег од свиња
Македонија

Медицина: Пациент ја напушта болницата по трансплантација на бубрег од свиња

04/04/2024

AA

62-годишен маж ја напушта болницата две недели откако доби нов бубрег од свиња, генетски модифициран за да го намали ризикот од отфрлање.

Претходните трансплантации на генетски модифицирани свински органи беа неуспешни.

Научниците сметаат дека успехот на оваа операција е пресвртница во потрагата по подостапни органи за пациентите

Веста ја соопшти управата на општата болница во Масачусетс, која е и најголемата наставна болница на Медицинскиот факултет Харвард во американскиот град Бостон.

Пациентот Ричард Рики Слејман од Вејмонт, Масачусетс, бил на дијализа со години бидејќи бубрезите му откажуваат, се вели во соопштението.

Лекарите успешно му пресадиле генетски модифициран свински бубрег на 16 март.

Операцијата траела четири часа.

Новиот бубрег работи добро и Слејман повеќе не е на дијализа.

Тој вели дека тоа што може да ја напушти болницата и да си оди дома е „еден од најсреќните моменти во неговиот живот“.

„Возбуден сум што ќе продолжам со моето закрепнување со семејството, пријателите и најблиските, ослободен од товарот на дијализата што влијаеше на мојот квалитет на живот долги години“, рече тој.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Пет нови авиолинии стартуваат ова лето

21/05/2026
Македонија

Брисел ја награди реформската агенда: Скопје добива нови 65,7 милиони

20/05/2026
Македонија

Чекор поблиску до „оживување“ на џиновската моа: Првото пиле се

20/05/2026
Македонија

Гаши: Во трка сме со времето во однос на членството

20/05/2026
Македонија

Четири лица приведени, а со едно извршен службен разговор –

20/05/2026
Македонија

Приведени седум возачи за безобѕирно управување возило – пет возеле

20/05/2026
Македонија

ФОТО Полициска акција на граница: Запленети 66 пакувања марихуана во

20/05/2026
Македонија

Филипче: На младите им недостасува систем, не само подобар стандард

20/05/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 43377
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Цената на нафтата порасна по мешаните сигнали за тензиите меѓу САД и Иран

27/06/2025

Американската сурова нафта WTI (West Texas Intermediate) денес поскапе за повеќе од еден процент, на близу 66 долари за барел,

Трагедија во Истанбул: 19-годишник ја застрелал својата 18-годишна бремена свршеница

27/06/2025

Деветнаесетгодишник ја застрелал и убил својата 18-годишна вереница, која била бремена пет месеци, во истанбулскиот кварт Саријер, а потоа избегал

Трамп најави потпишување на трговски договор меѓу САД и Кина

27/06/2025

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјави дека САД и Кина потпишале трговски договор, но не беа објавени детали

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy