Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 БРВЕНИЦА В НЕДЕЛА ИЗБИРА ГРАДОНАЧАЛНИК Шестмина кандидати за лидер на мултиетничката општина
Македонија

БРВЕНИЦА В НЕДЕЛА ИЗБИРА ГРАДОНАЧАЛНИК Шестмина кандидати за лидер на мултиетничката општина

16/10/2026

AA

Жителите на општина Брвеница в недела, на 18 октомври 2026 година, ќе излезат на предвремени локални избори за да го изберат својот нов градоначалник. Овие вонредни избори беа распишани по ненадејната и прерана смрт на досегашниот градоначалник Јовица Илиевски во јуни годинава.

Кампањата за предвремените избори во општина Брвеница влегува во својата последна фаза пред почетокот на изборниот молк ноќеска од полноќ. Општината, која според последниот попис има специфична мултиетничка структура (околу 54% Албанци и 45% Македонци), се соочува со сериозен политички тест каде што коалициските партнери на централно ниво настапуваат независно и во директен натпревар.

Функцијата на вршител на должноста градоначалник во изминатите месеци ја извршуваше Роберт Милошески. На гласачкото ливче во недела, жителите од 10 насселени места во општината ќе можат да бираат меѓу четири политички блока и двајца независни кандидати.

Шест кандидати – кои се нивните визии?

Главната политичка битка се води помеѓу неколку кандидати од македонскиот и од албанскиот политички кампус.

Од редовите на коалицијата „Твоја Македонија“, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, кандидат е дипломираниот правник Стојанчо Радически. Тој во својата теренска кампања се фокусираше на продолжување на веќе започнатите инфраструктурни проекти.

– Преку отворен разговор можам најдобро да ги разберам потребите и приоритетите на граѓаните. Развојот преку реализација на проекти во општина Брвеница мора да продолжи. Нашата програма нуди конкретни решенија, реални проекти и јасна цел – една Брвеница за сите! – истакна Радически за време на средбите со жителите.

Негов главен опонент од македонскиот блок е ветеринарот по професија и актуелен советник, Јовица Радески, кој доаѓа како кандидат на коалицијата предводена од СДСМ. Радески во кампањата стави посебен акцент на грижата за социјалните категории и повозрасните граѓани.

– Животното искуство на пензионерите, мудроста и искрените совети се од огромно значење. Тие заслужуваат почит, достоинствен живот и општина која ќе ги слуша и ќе се грижи за нивните потреби. Вашиот глас е важен и ќе биде дел од нашата визија за иднината. Заедно можеме повеќе! – порача Радески по неговите локални собири.

Од албанскиот политички блок, коалицијата „Вреди“ (Влен) настапува со свој кандидат, Јакуп Усеини, додека Демократската унија за интеграција (ДУИ) и Коалицијата „Национална алијанса за интеграција“ (НАИ) го кандидираа правникот и државен советник во Министерството за правда, Аркин Јахији. Јахији во своите јавни настапи инсистираше на надминување на поделбите во локалната заедница.

– Обединувањето подразбира заедничка работа за општината и надминување на поделбите во секојдневните односи. Брвеница има капацитет да се развива како модерна и инклузивна средина за сите нејзини жители – рече тој.

Клучниот аргумент на кампањата на Усение од Вреди е дека како магистер по правни науки и актуелен државен службеник во Општина Брвеница, веднаш ќе започне со работа без потреба од приспособување.

„Јакуп Хусеини ја познава општината, администрацијата, процедурите и потребите на жителите“, наведе Вреди во партиско соопштение.

Покрај нив, во изборната трка учествуваат и двајца независни кандидати предложени од групи избирачи, Арифе Идризи и Душан Богдановски, кои се надеваат да го привлечат гласот на неопределените граѓани кои бараат алтернатива надвор од големите партиски блокови.

ВМРО-ДПМНЕ очекува победа во првиот круг

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, уште при потпишувањето на одлуката за распишување на изборите апелираше за спроведување професионален, непристрасен и достоинствен изборен процес.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер, Христијан Мицкоски, упати силна и недвосмислена поддршка за партискиот кандидат Стојанчо Радически, нагласувајќи дека очекува победа уште во првиот круг на предвремените избори.

Тој побара позитивна реторика во кампањата.

– Оваа кампања сакам да биде без навреди, без поделби, да биде чесна трка во која зборуваме за нашата општина и нејзината иднина. Брвеница е наша, заедничка на сите нас и не смее да биде сопственост на ниту една политичка партија – рече Мицкоски.

Според планот на Државната изборна комисија, болните, немоќните лица и лицата во казнено-поправните установи своето право на глас ќе го остварат во сабота на 17 октомври, додека главниот изборен ден за сите останати граѓани е во недела, со почеток во 07:00 часот.

Доколку ниту еден од кандидатите не го освои потребното мнозинство во првиот круг, Брвеница ќе се соочи со втор круг на гласање по две седмици.

На претходните редовни локални избори одржани 2025 година, во општина Брвеница се водеше исклучително интересна и неизвесна политичка битка во два изборни круга.

Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Јовица Илиевски, победи во вториот круг од изборите со освоени 4.369 гласови (што претставуваше 47,71% од вкупниот број гласачки ливчиња во тој круг). Тоа беше негов втор мандат.

Трката во Брвеница традиционално е многу специфична поради мултиетничкиот состав на општината.

Покрај Иливески, за градоначалничкото место се бореа и Хаќим Рамадани од Вреди и поранешниот градоначалник во три мандати Енвер Пајазити кој доби поддршка од ДУИ. Рамадани беше главниот противкандидат во вториот круг, но изгуби со 145 гласа разлика.

Државната изборна комисија за изборите во 2025 година имаше регистрирано 15.239 граѓани со право на глас во општина Брвеница, кои гласаа на вкупно 24 избирачки места. За претстојните предвремени избори в недела, оваа бројка на регистрирани гласачи останува во слични рамки, според официјалните ажурирања на Избирачкиот список.

.

Извор: plusinfo.mk

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ТЕПАЛЕ ДЕТЕ ВО УЧИЛИШЕН ДВОР, СНИМАЛЕ СО ТЕЛЕФОН Снимката од

16/10/2026
Македонија

БРВЕНИЦА В НЕДЕЛА ИЗБИРА ГРАДОНАЧАЛНИК Шестмина кандидати за лидер на

16/10/2026
Македонија

ГОТОВИ СЕ НОВИОТ КРИВИЧЕН ЗАКОНИК И ЗАКОНОТ ЗА КРИВИЧНАТА ПОСТАПКА

16/10/2026
Македонија

СКАНДАЛ ВО УХМР, 488.000 ЕВРА ЗА СОМНИТЕЛНИ НАБАВКИ Кривична за

16/10/2026
Македонија

СКОПЈАНЕЦ ОСОМНИЧЕН ЗА ПРОНЕВЕРА ОД 110.000 ЕВРА Пет години лажел

16/10/2026
Македонија

🎥 ЛИДЕРОТ НА ПРЕРОДБА ЈАВНО КАЖА ДЕКА БУГАРИЈА ИМАЛА ФАШИСТИЧКА

16/10/2026
Македонија

ПЛЕНКОВИЌ ЈА СПОМНА МАКЕДОНИЈА, ГЕРМАНИЈА ГО ПРИТИСКА ЗА ЦРНА ГОРА

16/10/2026
Македонија

ЦЕЛА МАКЕДОНИЈА КИСНЕ НА ИНТЕРНЕТ Речиси девет од десет граѓани

16/10/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 46204
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ТЕПАЛЕ ДЕТЕ ВО УЧИЛИШЕН ДВОР, СНИМАЛЕ СО ТЕЛЕФОН Снимката од Бит-Пазар завршила на интернет

16/10/2026

Малолетник бил физички нападнат од неколку врсници во двор на основно училиште на Бит-Пазар во Скопје. Насилството не завршило со

ГОТОВИ СЕ НОВИОТ КРИВИЧЕН ЗАКОНИК И ЗАКОНОТ ЗА КРИВИЧНАТА ПОСТАПКА До крајот на октомври одат

16/10/2026

Новите текстови на Кривичниот законик и на Законот за кривичната постапка се завршени, а до крајот на октомври ќе бидат

СКАНДАЛ ВО УХМР, 488.000 ЕВРА ЗА СОМНИТЕЛНИ НАБАВКИ Кривична за екс-директорот и уште седуммина вработени

16/10/2026

Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава против девет физички и едно правно лице поради сомнежи за злоупотреба на службената

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy