Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Мециновиќ: Со влезот на ВМРО-ДПМНЕ во Влада може да се стави крај на македонската демократија
Македонија

Мециновиќ: Со влезот на ВМРО-ДПМНЕ во Влада може да се стави крај на македонската демократија

07/06/2023

AA

„Несомнено е дека ги живееме најтемните дни за македонската демократија, и во бездната во која не води антидемократската и антиевропската СДСМ, а на тој караван одлучи да им се приклучи и ВМРО-ДПМНЕ“, оцени портпаролот на политичката партија Левица, Амар Мециновиќ.

Тој по денешната лидерска средба помеѓу Христијан Мицкоски и Димитар Ковачевски одржа прес – конференција на која посочи дека само Левицата ќе остане партија што не влегувала и излегувала од владејачкото мнозинство.

-Владата нема легитимитет. Првпат го загуби во 2020 година на локалните избори, потоа добивме неизбран премиер, кој со својата нелегитимна влада беше целосно нетранспарентен во изготвување на францускиот предлог со Софија во посредништво на Париз, и сега имаме ситуација каде постои консензус за францускиот предлог, но се работи на поларизација на нашето општество. Се движиме кон криза на демократијата. Ова е авторитарен режим. Со влезот на ВМРО-ДПМНЕ во Владата, само Левицата ќе остане партија што не влегувала и излегувала од владејачкото мнозинство, изјави Мециновиќ.

Во однос на опозицискиот лидер Христијан Мицкоски, оцени дека имал многу променливи изјави за уствните измени.

-Пратеници потпишуваа изјави на нотар, потоа нудеше предвремени избори и да се стават уставните измени во предизборните програми и на крајот неговиот Извршен комитет сабајлево излезе со изјава дека не ги прифаќаат уставните измени под бугарски диктат. Но, тоа е само изјава за членството, кое сепак следува и е свесно за одлуките на раководството. Јасно е дека ВМРО-ДПМНЕ има улога во исполнувањето на софиската платформа, рече Мециновиќ.

За условот на Мицкоски за влез во Владата ако излезе ДУИ, Мециновиќ посочи дека опозицискиот лидер не во целост искрен.

-Иако на ВМРО-ДПМНЕ сега му е проблем да биде со ДУИ во Владата, совршено функционираат како партнери во Советот на Велес, појасни Мециновиќ.

Левица смета и дека македонската дипломатија не може да одговори на предизвиците кои произлегуват од односите со Бугарија.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy