
Мец не успеа да го запре залетаниот Лион
Микаутаѕе ја затресе мрежата на Лион во 13. минута и за момент го натера Мец да се понадева на изненадување, меѓутоа гостите преку Лаказет во првата минута од судиското надополнување израмни на 1-1.
Бенрама беше стрелец на вториот гол за Лион во 60. минута со кој гостите направија целосен пресврт и победија со 2-1.
Лион се наоѓа на 10. позиција во лигата со 28 бодови, додека Мец е претпоследен со 17 бода.