Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Меџити во ОН: Колективен одговор во време на пандемија гради отпорен здравствен систем
Македонија

Меџити во ОН: Колективен одговор во време на пандемија гради отпорен здравствен систем

21/09/2023

AA

Министерот за здравство, д-р Фатмир Меџити, во рамки на 78. Генерално собрание на Обединетите нации, се обрати на седницата од висок ранг, на тема „Превенција на пандемии, подготвеност и одговор на истите”.

Меџити во своето обраќање говореше за предизвиците со кои здравствените системи се соочија насекаде во светот во екот на крона кризата, како и за товарот што здравствениот систем во Северна Македонија го носеше во борба со Ковид-19. Министерот се осврна и на заложбата за инвестиции во критичните недостатоци во однос на подготвеност за пандемии и градење отпорен здравствен систем. Тој потенцираше дека од клучна важност е модернизирање на здравствените системи како и современа и навремена испорака на услуги за ефикасна и ефективна грижа за пациентите, потенцирајќи дека овие долготрајни предизвици во земјите од регионот треба што побрзо да се надминат.

-Ковид-19 пандемијата го истакна значењето на здравите и силни здравствени системи, беспрекорната координација и ефективни механизми за одговор. Северна Македонија не беше изземена од нејзините разорни влијанија. Нашата здравствена инфраструктура е под тежок притисок, а ранливите заедници понесоа непропорционален товар.

Нашиот одговор мора да биде брз, со еднаков пристап кон сите и напреден. Еднаквиот пристап е во срцето на нашата стратегија. Ја зајакнуваме јавната здравствена инфраструктура, ги подобруваме системите за надзор и даваме приоритет на недоволно опслужените заедници, рече министерот Меџити на седницата од висок ранг во ОН.

Министерот за здравство Меџити, рече дека предизвиците како пандемии не познаваат граници, и затоа потребна е солидарност меѓу земјите и колективен одговор, како во размена на искуства и експертизи, така и во размена на информации и спречување на дезинформации.

-Гледајќи напред, ние се обврзуваме на натамошно градење на отпорност на здравствениот систем. Северна Македонија е отворена за меѓународна соработка и партнерство за постигнување на овие цели. Само со заеднички одговор во време на пандемии и здравствени кризи може да ги заштитиме нашите граѓани, да го зајакнеме нашиот здравствен систем и подобро да се подготвиме за идни предизвици, истакна Меџити.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy