
Меџити вели Таравари донел автономна одлука да ја поддржи албанската опозиција
Претседателот на Демократското движење Изет Меџити вечерва за Сител истакна дека лидерот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари донел автономна одлука да ја поддржи албанската опозиција.
Според Меџити, клучно за тоа била поддршката што ја добил од членството.
„Очигледно дека динамично ќе биде во албанскиот блок, и веќе нема да има никој дилема, тие што ги познаваат приликите, кој е победникот во албанскиот блок односно Европскиот блок за промени. Отсега натаму дилемата е само која ќе биде разликата“, рече Меџити.
Тој вели дека Европскиот сојуз за промени убедливо ќе победи, особено, во Шестата изборна единица што, според него, е важно бидејќи половина од пратениците произлегуваат од оваа изборна единица.
Потврди дека Таравари бил еден од кандидатите за претседател, но вели ќе разговараат и со други кандидати.
„Имаме одлука за албански кандидат за претседател и овојпат со големи шанси да влезе во вториот круг на изборите“, рече Меџити.

