
Меџити: Редно е сектори како МВР, Бирото за јавна безбедност, УЈП и Царина да бидат раководени од Албанци
Лидерите на здружената албанска опозиција „Влен“ се уште не разговарале дали во вториот круг од претседателските избори ќе и дадат поддршка на кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска-Давкова.
Изет Меџити во изјава за Сител вели дека има разговори со ВМРО-ДПМНЕ и дека европската иднина на државата е приоритет.
Во однос на распределбата на секторите, Меџити рече дека редно е сектори што досега не се водени од Албанци како Министерството за внатрешни работи, Бирото за јавна безбедност, Управата за јавни приходи и Царината да бидат раководени од Албанци.
„Тоа го бараме бидејќи сме силно фокусирани на борбата против корупцијата“, рече Меџити.