Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Меџити: Посветено ќе работиме хепатитисот да стане наше минато
Македонија

Меџити: Посветено ќе работиме хепатитисот да стане наше минато

28/07/2023

AA

Хепатитисот претставува закана за јавното здравје, но со колективна акција и свесност, можеме да работиме на негова превенција, рано откривање и на крајот негова елиминација, порача министерот за здравство д-р Фатмир Меџити на денешниот настан за одбележување на Светскиот ден за борба со хепатитисот.

На настанот, кој беше организиран во партнерство со Хепар Центар Битола, присуствуваа и директорите на клиниките каде пациентите со хепатитис се третираат, а беше поставена и мобилна единица за тестирање за хепатитис.

-Подигнувањето на свеста за хепатитисот е она на кое денеска ќе се фокусираме. Многу луѓе можеби живеат со хепатитис, но не знаат за тоа, преку обезбедување достапни информации и активности на терен можеме да ги поттикнеме поединците да се заштитат себеси и своите најблиски од овој „тивок непријател“, истакна Меџити.

Министерот Меџити потенцираше дека раното откривање на хепатитисот е од огромна важност за третманот и токму затоа тестирањето игра витална улога во идентификувањето на инфекциите во рана фаза кога и самата терапија може да биде највлијателна.

-Како дел од нашата посветеност за обезбедување квалитетна здравствената заштита, ќе продолжиме да ги прошируваме капацитетите за тестирање и да промовираме рутински прегледи, особено за групите со висок ризик. Сакам да истакнам дека обезбедувањето еднаков пристап до квалитетна здравствена заштита за сите е императив во нашето работење, нагласи Меџити.

Министерот информираше дека статистиките покажуваат дека лани во земјата биле евидентирани 83 нови случаи на хепатитис, од кои најзастапен е хепатитис Б со 43 случаи, истакнувајќи дека тежнееме кон тоа да ги исполниме целите на Светската здравствена организација која имплементира глобална стратегија за елиминација на хепатитисот до 2030 година. Тој порача дека Министерството ќе продолжи посветено да работи со цел хепатитисот да стане наше минато.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Топлотниот бран не попушта: Ова е прогнозата за следните две

10/08/2026
Македонија

Жители на Драчево алармираат: „Од паркингот направија депонија, страшно смрди“

10/08/2026
Македонија

МВР: Селекцијата за полициското училиште е во тек, сите кандидати

10/08/2026
Македонија

Истрагата за загадената вода во Гостивар во напредна фаза, Финансиската

10/08/2026
Македонија

32 пакувања марихуана пронајдени во пратка за затвореник во „Идризово“

10/08/2026
Македонија

Во Драчево граѓаните во паника веднаш бараат лекарска помош по

10/08/2026
Македонија

Ѝ го украле ранецот на 67 годишна пензионерка во Центар,

10/08/2026
Македонија

Вработен во Итна помош со остар предмет му се заканувал

10/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44950
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Топлотниот бран не попушта: Ова е прогнозата за следните две недели

10/08/2026

Во следните две недели не очекува претежно сончево и исклучително топло време, со високи дневни температури кои на моменти ќе

Жители на Драчево алармираат: „Од паркингот направија депонија, страшно смрди“

10/08/2026

До редакцијата на 4NEWS.MK се обрати читател од Драчево, кој алармира за сериозен проблем со натрупување отпад на паркинг-просторот спроти

МВР: Селекцијата за полициското училиште е во тек, сите кандидати имаат еднаков третман

10/08/2026

Во врска со наводите изнесени во јавноста дека кандидат за прием во Средното полициско училиште „7-ми Мај“ не бил повикан

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy