Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Меџити: Отворен оддел за онкологија и реновиран одделот за радиологија во тетовската болница
Македонија

Меџити: Отворен оддел за онкологија и реновиран одделот за радиологија во тетовската болница

18/12/2023

AA

Министерот за здравство д-р Фатмир Меџити денеска заедно со претседателот на Република Северна Македонија Стево Пендаровски беа во работна посета на Клиничката болница во Тетово. Целта на посетата беше отворањето оддел за онкологија, како и промоција на реновираниот оддел за радиологија и конференциската сала.

Министерот Меџити истакна дека во рамки на установата, досега функционираше само онколошката амбуланта, а како новитет со новиот оддел се стремиме да ја растовариме гужвата и фреквенцијата на пациенти на Клиниката за онкологија.

– Покрај подобрувањето на инфраструктурата, болницата е опремена и со два рендген апарати и мамограф со можност за стереотакса и дензитометрија, обезбедени од Министерство за здравство, рече Меџити.

Тој посочи дека како министер за здравство и долгогодишен лекар, заедно со тимот се фокусирани на подобрување на болничките услови на пациентите со комплетно нови опремени соби и современа медицинска опрема.

– Со тоа создаваме и соодветни услови за работа на здравствениот кадар, кои со својата несебична заложба и истрајност низ годините покажаа дека се целосно посветени во грижата и третманот на пациентите. Упатувам голема благодарност до директорот д-р Илир Демири за одличното менаџирање на здравствената установа, за вложувањето во подобрување на условите за работа и престој во болница, како и за инвестирање во медицинскиот персонал, изјави Меџити.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy