Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Меџити: Отворен Центар за трансплантација на хематопоетски матични клетки на Клиниката за хематологија
Македонија

Меџити: Отворен Центар за трансплантација на хематопоетски матични клетки на Клиниката за хематологија

25/01/2024

AA

Министерот за здравство д-р Фатмир Меџити денеска беше во посета на Универзитетската клиника за хематологија по повод пуштање во употреба на новоотворениот Центар за трансплантација на хематопоетски матични клетки на Клиниката за хематологија.

Овој центар е сместен на целосно нов кат на површина од 800 м2, донација на Амбасадата на САД, кои преку Европската команда на американската армија финансиски ја поддржаа изградбата со еден милион евра. Останатите средства се обезбедени од ФЗО со поддршка од Министерството за здравство и Владата.

Во продолжение, Ви го пренесуваме неговото обраќање на целост:

„Ми претставува посебно задоволство што денес сите заедно присуствуваме на пуштањето во употреба на новоизградениот Центар за трансплантација на хематопоетски матични клетки на Клиниката за хематологија.

Изразувам посебна благодарност до Амбасадата на нашиот стратешки партнер, Соединетите Американски Држави за оваа инвестиција да стане реалност со обезбедените средства од Програмата за помош од Европска команда на американската војска.

Со оваа значајна инвестиција го означуваме почетокот на работа на ова ново одделение, со што за пациентите обезбедуваме услови за лекување какви што нудат најсовремените центри од ваков вид во светот. Новиот капацитет, заедно со воспоставените најсовремени методи за лекување и медицинска грижа, овозможува клиниката да служи не само на јавното здравство, туку истовремено го етаблира на врвот на најзначајните центри за лекување хематолошки болести во поширокиот регион.

Со новиот оддел ги прошируваме капацитетите за оваа намена. Годишно ќе бидат лекувани најмалку 50 до 60 пациенти од земјава и 10 до 15 лица од соседните земји, кои досега установата немаше просторен капацитет да ги прифати.

Продолжуваме да ги менуваме на подобро состојбите во јавното здравство“, изјави Меџити.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy