Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Меџити: Обезбедивме враќање на КАТО-системот кој долгорочно ќе спречи евентуални злоупотреби во иднина
Македонија

Меџити: Обезбедивме враќање на КАТО-системот кој долгорочно ќе спречи евентуални злоупотреби во иднина

17/10/2023

AA

Министерот за здравство Фатмир Меџити попладнево во Собранието пред членовите на Анкетната комисија за утврдување одговорност за случајот со издавањето терапија на ЈЗУ Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија – Скопје порача ако има политичка одговорност да се утврди чија е. Смета дека пратениците имаат должност ако има системски пропусти, кои не се надминати, да ги предочат и да се изнајде решение.

Тој упати порака до истражните органи. – Верувам дека кривично-правната постапка за овој многу сензитивен случај ќе има брза, правична и праведна разрешница. Виновниците мора да се знаат со име и презиме. Единствено така ќе може да ја вртиме довербата на пациентите во здравствениот систем и да ги заштитиме професионалните здравствени работници од генерални обвинувања и понижувања, нагласи министерот за здравство.

Меџити посочи дека ова не е првпат да почне истрага на Онкологија. – Од претходните излагања на сведоци пред Анкетна комисија, од тоа што го објавија медиумите, дознаваме дека истраги на Онкологија имало и во 2012 година. Се води судски спор и за случај од 2019 година. Во два наврати полицијата интервенирала за кражба на терапија од медицинска сестра на која менаџментот на клиниката во мој мандат и даде отказ од работа, изјави Меџити.

Според него, многу е важно да не се одолговлекува целиот процес и важно е час поскоро да се дознае дали и кој, како што рече, си поигрувал со животите на пациентите. Единствено така, како што рече, ќе ја отфрлиме т.н. колективна вина која сега се наведнува не само над Клиниката за радиотерапија и онкологија – Скопје, туку и на целиот здравствен систем.

Меџити нагласи дека откако ја презел функцијата министер за здравство се залага да направи системски промени за да се спречат, како што рече, секакви злоупотреби и криминал во здравството. Пред да се дознае во јавноста за случајот со Онкологија, рече дека неколку месеци континуирано имал состаноци со новиот менаџмент на Клиниката. – Кога стапив на функција, го разрешив организацискиот директор на Клиниката, потсети Меџити.

Тој информира дека знаел оти на Клиниката постои КАТО-систем и како лекар невролог знае како се дијагностицираат тешки болести кај пациентите и како се препраќаат на Онкологија.

-Заедно со менаџерскиот тим на Онкологија зборувавме за контролните механизми на давање терапија на пациентите. Разменувавме мислења и ставови како да се надминат предизвиците со кои се соочува Клиниката. Промените во менаџментот се случија на Клиниката и овозможија секој пациент да ја добива препишаната терапија, согласно индикација, доза, типот на лекот, без никаква манипулација со лековите, појасни Меџити.

Тој тврди дека сега на Онкологија има стручен колегиум на т.н. онколошки конзилиум.

Секоја среда, во работна седмица, на седници за кои постојат записници, се разговара за секој пациент кој треба да почне со терапија, со било кој лек од т.н.условен буџет, како и со лековите кои се на позитивна листа. Ажурирани се клиничките протоколи, стручниот тим работи по ажурирани, обновени работни верзии, упатства за дијагноза, третман и за следење на пациентите со верифицирана малигна болест, рече Меџити.

Министерот информира дека една од безбедносните мерки е ограничен број на сестри, точно по распоред, кој се прави секој ден и се има увид која сестра доаѓа во допир со нерастворен лек. Тој влез е строго ограничен и не е отворен за сите сестри од дневна болница.

Меџити тврди дека на Онокологија има воспоставено контролен систем со кој се овозможува соодветна терапија да добива секој пациент.

-За КАТО-системот за дозирање и контрола на терапија која се дава на пациентите, кои се лекуваат на Онкологија, неколку месеци пред овој случај да излезе во јавноста, се правеа финансиски анализи дали КАТО-системот да се врати во функција или да се обезбеди нов систем за контрола на терапија. Со новиот ребаланс на Буџет обезбедивме враќање на КАТО-системот кој долгорочно ќе ги спречи евентуалните злоупотреби во иднина, нагласи Меџити.

Тој порача дека во неговиот мандат нема да бидат поштедени и заштитени неодговорните, непрофесионалните, независно од која политичка партија се. – Заштитени се и ќе бидат професионалните здравствени работници и пацентите, рече Меџити.

Седницата продолжува со прашања до министерот Меџити од членовите на Анкетната комисија, пред која денеска одговараше и поранешниот министер за здравство Венко Филипче, а искази претходно дадоа министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и поранешниот министер за здравство Беикм Сали.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy