Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Меџити: Нов дигитален мамограф и ултразвучен ЕХО апарат за Поликлиника Железара
Македонија

Меџити: Нов дигитален мамограф и ултразвучен ЕХО апарат за Поликлиника Железара

15/12/2023

AA

Министерот за здравство д-р Фатмир Меџити и заменик министерката за здравство д-р Маја Манолева, денеска беа во посета на Поликлиника Железара по повод набавка на нова медицинска опрема – дигитален мамограф со стереотакса и ултразвучен ЕХО апарат со две сонди набавен од Министерството за здравство.

Во изјава за медиумите, министерот Меџити информираше дека овој дигитален мамограф претставува најсофистицирана опрема што се користи во сите здравствени установи насекаде низ светот и важи за современа метода за скрининг на рак на дојка во рана фаза. Со набавката на апаратот ќе се подигне и забрза квалитетот на здравствената заштита за пациентите.

„За наредната година се планира зголемување на бројот на кабинети за скрининг на рак на дојка согласно утврдените правила и протоколи донесени од страна на Националната комисија за скрининг и рана детекција на рак на дојка. Се искреира скрининг амбуланта на торакална хирургија за пациентки од скрининг кои имаат направено ехо мамографија, биопсија и потврден хистопатолошки наод и истите дирекно од д-р специјалист радиолог се упатуваат во амбуланта на торакална за одредување на термин за операција. Досега оваа можност др специјалисти радиолози ја немаа ниту во дијагностички процедури“, истакна Меџити.

Заменик министерката Манолева потенцираше дека Министерството ќе продолжи со инвестирање во нова медицинска опрема, како и во унапредување на инфраструктурата и зајакнување на кадарот во јавните здравствени установи.

„Во оваа прилика, сакам да апелирам за важноста на редовните превентивни прегледи за заштита на женското здравје. Навремениот преглед, особено кога станува збор за рак на дојка, може да спаси живот. Со скрининг програмата се опфатени жените во возрасната група од 45 до 69 години кои не направиле мамографија последните две години, а исто така и жените на возраст од 40 до 44 години, кои имаат член во семејството со рак на дојка или друг дополнителен ризик фактор, имаат можност самоиницијативно да се пријават за скрининг мамографија. Пријавувањето се врши на веб страницата: www.skrining.zdravstvo.gov.mk или на телефонскиот број 15444. Скрининг мамографијата е бесплатна за жените во програмата, односно партиципацијата ја покрива Министерството за здравство“, рече Манолева.

Директорот на Поликлиника Железара Александар Велјановски упати огромна благодарност до Министерството за здравство што излезе во пресрет за набавка на дигиталниот мамограф.

„На територија на општина Гази Баба друг мамограф нема и пациентите ќе имат можност тука да ги завршат своите прегледи. Поликлиника Железара во вредност од 3 милиони денари во тековната 2023 година набави дополнителна медицина опрема која ни беше неопходна во работата. За 2024 година имаме планирано неколку новитети, тоа е набавка на алерго тестови. Втора работа што ја планираме е еден од докторите по трудова медицина да биде пратен на субспецијализација, да отвориме пулмоалерголошка амбуланта и третата работа е дека сме во преговори за набавка на текса скен, за ова дополнително ќе разговараме со Министерство за здравство, кадешто е потребен за рано откривање на остеопороза кај пациентите“, изјави Велјановски.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy