Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Меџити на Третиот меѓународен конгрес за хематологија: Интензивно работиме на подобрување на условите во ЈЗУ
Македонија

Меџити на Третиот меѓународен конгрес за хематологија: Интензивно работиме на подобрување на условите во ЈЗУ

12/09/2023

AA

Министерот за здравство д-р Фатмир Меџити денес присуствуваше на Третиот меѓународен конгрес за хематологија, кој на едно место ги собра најголемите експерти од оваа област во Европа.

Конгресот претставува одлична можност за размена на искуства и новини од областа на хематологијата, третманот на хематолошките болести, а отвори врата и за унапредување на соработката меѓу домашните и странските експерти.

„Клиниката за хематологија низ годините создаде тим кој го следи напредокот во дијагностиката и третманот на хематолошките заболувања. Драго ми е што на оваа Клиника има и многу млади лекари, помлади хематолози чиј професионален развој секогаш ќе го поддржувам и како Министерство за здравство ќе помагаме да изградат успешна кариера овде на нашата Клиника. “- истакна Меџити.

Во своето обраќање Меџити потенцираше дека интензивно се работи на подобрување на условите во јавните здравствени установи, со цел поквалитетна здравствена услуга за пациентите и подобри услови за работа на здравствените работници.

„Со поддршка на Министерството за здравство на Клиниката за хематологија беше инсталиран нов проточен цитомер, со што се унапреди и осовремени работата на Клиниката. Исто така лабораторијата за имунолошки анализи на Клиниката која е единствена во нашата држава, врши дијагностицирање и ги следи ефектите од терапијата и спроведување на трансплантациите на пациентите со малигни хематолошки болести.“-нагласи Меџити.

Меџити истакна дека инвестициите во сите сегменти во здравството се врвен приоритет, порачувајќи дека Министерството за здравство ќе продолжи да гради одржлив и квалитетен здравствен систем за граѓаните.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy