Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Меџити: Крајно време е Обвинителството да излезе со име и презиме за случајот со Клиниката за онкологија
Македонија

Меџити: Крајно време е Обвинителството да излезе со име и презиме за случајот со Клиниката за онкологија

10/11/2023

AA

Министерот за здравство Фатмир Меџити денеска истакна дека е крајно време Обвинителството да излезе со име и презиме за случајот Онкологија.

-Повикувам уште еднаш, апелирам за случајот со Клиниката за онкологија, крајно време е Обвинителството да излезе со точно име и презиме зошто овој костум, оваа кравата ме гушат, порача Меџити.

Министерот Меџити на денешната промоција на нова медицинска опрема и реновирани специјалистичко-консултативни амбуланти на Клиниката за неврологија оцени дека во здравството треба секој ден да гасат новонастанати жаришта и дека веќе почнале работите да се средуваат и напредуваат.

Меџити помеѓу другото најави и набавка на нова магнетна резонанца на Клиниката за неврологија и целосно реновирање на ургентниот интернистички центар со тријажа.

-Ќе почне да се реновира во целост ургентниот интернистички центар со тријажа и веќе нема пациентите да талкаат по ходници, јас и мојте колеги невролози знаеме точно дека пациентите талкаат од една до друга клиника, сега ќе доаѓаат на едно место и таму ќе се третираат.

Друго што можам да најавам денеска е дека ќе има нова магнетна резонанца посебно за клиниката за неврологија и за брзо ќе го распишеме тендерот.

Воедно клиниката за кожни болести ќе премине во клиниката за неврофизиологија, таа ќе биде во целост адаптирана и реновирана за услови за клиниката за кожно, а клиниката на неврофизиологија ќе дојде на местото на клиниката на кожно и така постепено сите тие ќе бидат реновирани, но верувајте целиот тим работиме заедно за овие работи еднаш засекогаш да се решат, изјави Меџити.

Во однос на набавката на нова магнетна резонанца информира дека во моемнтот се прават подготовките и дека во скоро време ќе биде објавен тендер.

-Тоа е процес кој бара посветеност, бидејќи за да ја набавите таа апаратура потребни се и услови.

Знаете каков е примерот со штипската болница, некој во минатото си донел апаратура, а нема услови и нема основа за тоа да се стави, посочи Меџити.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy