Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Меџити го нарече Таравари „министер за канабис“, Таравари најави тужба за клевета!
Македонија

Меџити го нарече Таравари „министер за канабис“, Таравари најави тужба за клевета!

12/02/2026

AA

Политичката дебата околу производството на канабис во земјава е повторно во центарот на вниманието, откако градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, го критикуваше поранешниот министер за здравство Арбен Таравари за издавањето на лиценци за производство на марихуана.

Меџити, чија партија е дел од владејачката коалиција ВЛЕН, вчера во гостување на ТВ Лајм рече дека Таравари, додека бил министер за здравство, потпишал седум лиценци за одгледување на канабис.

„Денеска имаме тема за канабис, па затоа е добро јавноста да знае дека тој (Таравари), во својство на министер за здравство, за четири-пет месеци, за седум месеци, потпишал седум лиценци за одгледување на канабис. Значи, тој не беше министер за здравство, туку министер за канабис, министер за марихуана. Со тоа, тој го донесе подземјето на регионот на Македонија, а денес ги гледаме политиките што тогаш ги спроведуваше“, рече Меџити.

По изјавата на Меџити, Таравари се огласи на својот Фејсбук-профил, најавувајќи тужба за клевета. Тој истакна дека ќе ја повлече тужбата само доколку добие јавно извинување од градоначалникот на Чаир.

„Немам друг начин, освен правен, за да одговорам на сериозните клевети што повторно се упатени кон мене. Така, господинот Меџити рече дека во мое време сум издал седум лиценци за одгледување канабис и ме нарече министер за канабис. Ќе поднесам тужба за клевета и ќе ја повлечам само ако ми упати јавно извинување“, напиша Таравари.

Таравари ја извршуваше функцијата министер за здравство од јуни 2024 до мај 2025 година, кога ја напушти коалицијата ВЛЕН и на локалните избори настапи во коалиција со ДУИ.

Инаку, Владата пред два дена донесе одлука за спроведување вонредни контроли во сите правни лица и објекти кои имаат лиценци за одгледување марихуана за медицински цели. Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, соопшти дека комисија од Министерството за здравство констатирала дека дел од марихуаната била незаконски произведена, складирана и чувана. Од ОЈО ГОКК засега нема наредба за спроведување истрага, ниту осомничени во случајот со запленетата марихуана.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy