
Меџити го молел Ахмети до рајот за да не дојде до ова, сега немале за што да разговараат!
Некогашниот пратеник од ДУИ и наскоро лидер на ново политичко движење, Изет Меџити на ТВ21 денеска порача дека со лидерот на ДУИ, Али Ахмети не комуницирал веќе неколку месеци.
Тој вели дека повеќе и нема што да разговара, бидејќи го молел да не дојде до ова.
„За жал, немаме комуникација повеќе од 7-8 месеци. Тој не комуницираше со мене, но и јас не комуницирав со него. Ги знаеме одговорите еден на друг. Многупати сме дебатирале за нив, сум се трудел, сум го молел во рајот да не дојдеме до оваа ситуација и сега оваа дебата е исцрпена, нема што да разговараме“, рече Меџити.
