
Меџити: Ќе имаме кандидат за градоначалник за Град Скопје
Вицепремиерот, министер за животна средина и просторно планирање и дел од Вреди, Изет Меџити денеска потврти дека ќе имаат кандидат за градоначалник за Град Скопје.
Како што вели, ќе имаат и за Општина Чаир.
„За сите други општини при крај сме со анализите, разговорите, мислам дека наредните денови или наредната недела ќе ги објавиме сите имиња“, вели Меџити.
Тие претходно одлучија во Струга да го поддржат независниот кандидат Менди Ќира.