Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Меџити: Додека сум јас министер нема да се случи да доцни тендер или јавна набавка за лекови
Македонија

Меџити: Додека сум јас министер нема да се случи да доцни тендер или јавна набавка за лекови

30/09/2023

AA

Ви тврдам дека додека сум министер, отсега натаму нема да се случи да доцни тендерирање или јавни набавки за лекови, освен во случај ако нема некоја компонента или материја, изјави министерот за здравство, Фатмир Меџити, во врска со набавката на глукомерите и лентите за дијабетичарите.

Тој изрази жалење за задоцнувањето на тендерот и посочи дека, заедно со Здружението на дијабетичари го правеле невозможното овие неколку месеци за да може тој тендер побрзо да се објави.

– Но, знаете, од моментот кога се објавува тендерот компанијата што ги носи глукомерите и лентите има рок од три до шест месеци, што во овој случај не беше пракса. Ги замоливме претставниците од компанијата, беа во два наврати кај мене за да можеме што побрзо да ги набавиме овие глукомери и лентите за да можат дијабетичарите нормално да го добијат тоа што им е свето право, што им е загарантирано и со закон, рече министерот.

На новинарско прашање дека има поплаки за добиените глукомери дека дошле во несоодветно пакување и без упатство за употреба, министерот одговори дека ја замолиле компанијата во иднина тоа да не се случи.

– Ние направивме напори и ја замоливме компанијата тие да се стават во кутија и да имаат упатства, во иднина да не се носат така. Нормално дека дијабетичарите во овој случај имаат право, но законите се тие во државата за јавни набавки и ние мораме да ги испочитуваме. Јас како министер и Министерството за здравство ви гарантираме дека се квалитетни, ефективни и добри, рече министерот.

Меџити ги негираше шпекулациите дека глукомерите биле во некој магацин.

– Тоа не е вистина, може да го проверите во Царина. Од 14 септември 2023 тие се поминати, царинети, стандардизирани со сите протоколи, со сите документи, посочи министерот.

Во однос на прашањето кога конечно ќе се стави ред со дијабетичарите, министерот изјави дека не можат преку ноќ да ги сменат работите.

– Доколку дијабетичарите имаат шест месеци проблеми за кој јас навистина жалам, има 15 години проблеми со ажурирање на позитивна листа. Го немаше тоа, сега го има. Навистина, за седум месеци толку можевме. Преку ноќ нема да ги смениме работите, рече министерот Меџити.

Според него, за ова е потребно систематско решение.

– Најдобро можно решение е да биде со референтни цени. Тоа подразбира дека ќе одите во аптека и ќе имате една квота, одредена сума на финансиски средства до која ќе ја покрива Фондот за здравствено осигурување, а тоа кој каков бренд ќе сака, таков ќе земе, рече тој.

Министерот сподели дека неделава се стигнати пет илјади глукомери, а се очекува следниот месец да пристигат уште 17 илјади.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy