Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Меџити до Таравари: Ти се враќаш кон црната листа, ја предаде Владата!
Македонија

Меџити до Таравари: Ти се враќаш кон црната листа, ја предаде Владата!

13/05/2025

AA

По излегувањето на Алијансата на Албанците од владината коалиција, лидерот на Демократското движење и еден од лидерите на коалицијата „ВРЕДИ“, Изет Меџити, реагираше преку објава на „Фејсбук“, каде истакна дека Влен продолжува по патот на промената.

Меџити во објавата порача дека Арбен Таравари не ја напуштил Владата, туку ја предал.

– Ти не донесе промена. Ти не се враќаш кон народот. Ти се враќаш кон црната листа. Ти не ја напушташ Владата. Ти ја предаде Владата, напиша Меџити.

Тој вели дека „Таравари е разочарување за секој Албанец кој гласал за промената“. 

– ВРЕДИ продолжува по патот на промената. Ги покануваме сите активисти, симпатизери и гласачи кои се чувствуваат измамени, предадени и оставени сред пат без насока, пишува во објавата.

Лидерот на едното крило на Алијанса за Албанците Арбен Таравари синоќа по состанокот одржан во Тетово соопшти дека ја напуштаат владината коалиција и одат во опозиција. 

– Констатиравме дека минатата година со гордост ја донесовме промената во албанскиот блок после 20 години. Меѓутоа, меѓутоа промените што ги видовме за жал не ги испорачавме и тоа се секојдневно граѓаните не критикуваат. Затоа ние одлучивме, да се вратиме кај граѓаните. Да побараме од нив доверба во октомври за локалните избори. Кога со „Вреди“ се обидувавме околу шест недели и ако имаме сопствени советнички листи да изнајдеме начин за меѓусебна поддршка за кандидатите за градоначалници, меѓутоа, не успеавме во тоа и денес констатираме дека доколку има недоверба во тие што се членови на владата, доколку има конспирации и секакви сомнежи немаме што да бараме таму, рече Таравари.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

БРВЕНИЦА ЗАСЛУЖУВА ПРОЕКТИ, А НЕ ПОДЕЛБИ Манасиевски порача дека продолжува

01/11/2026
Македонија

ДИК ГИ ОБЈАВИ КОНЕЧНИТЕ БРОЈКИ ЗА ИЗБОРИТЕ ВО БРВЕНИЦА Јахији

01/11/2026
Македонија

САМИ ПРОТИВ СИТЕ Мицкоски им порача на жителите на Брвеница

01/11/2026
Македонија

Мицкоски по поразот во Брвеница: „Ние со програма, тие со

01/11/2026
Македонија

КОВАЧКИ МУ ЧЕСТИТАШЕ НА ЈАХИЈ ЗА ПОБЕДАТА ВО БРВЕНИЦА Од

01/11/2026
Македонија

КАНДИДАТОТ НА ДУИ ПОБЕДИ ВО БРВЕНИЦА СО РАЗЛИКА ОД 201

01/11/2026
Македонија

ВРЕДИ ОДИГРА УЛОГА НА ТРОЈАНСКИ КОЊ ВО БРВЕНИЦА Стојаноска оцени

01/11/2026
Македонија

МАЖОТ ГО ЗАДУШИЛЕ СО ПЕРНИЦА, ЖЕНАТА ПОЧИНАЛА ОД СИЛНИТЕ УДАРИ

01/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46495
  • Регион 4000
  • Свет 19
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

БРВЕНИЦА ЗАСЛУЖУВА ПРОЕКТИ, А НЕ ПОДЕЛБИ Манасиевски порача дека продолжува поддршката од Владата за општината

01/11/2026

ВМРО-ДПМНЕ им се заблагодари на жителите на општина Брвеница кои го дале својот глас за кандидат Стојанчо Радичевски, кој загуби

ДИК ГИ ОБЈАВИ КОНЕЧНИТЕ БРОЈКИ ЗА ИЗБОРИТЕ ВО БРВЕНИЦА Јахији освоил 4.442 гласови, а Радичевски

01/11/2026

Кандидатот на Националната алијанса за интеграција, Аркин Јахији, предводена од ДУИ, е победник на предвремените избори за градоначалник во Општина

САМИ ПРОТИВ СИТЕ Мицкоски им порача на жителите на Брвеница дека ќе ја имаат поддршката

01/11/2026

Сами против сите. Ние со изборна програма и концепт, тие со поддршката на демографијата, националната карта и по некој тројанец

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy