
Меџити би гласал за паѓање на оваа Влада – „На ДУИ може да му се случи народ“
Изет Меџити од ДУИ и предводник на „Огнената група“ во дебата на ТВ24 вели дека засега нова партија нема да прават, но, како што вели, таа опција не се исклучува доколку ДУИ не ги исклучи од партијата.
„На ДУИ може да му се случи народ, па и протести против Груби во Мала Речица, доколку Ахмети продолжи да го игнорира народот“, рече Меџети.
Тој вели дека следно ќе направат онлајн петиција меѓу членството дали се за смена на ДУИ.
Меџити истакна дека не се против лидерот на ДУИ, Али Ахмети туку против неговата одлука Груби да биде прв вицепремиер.
Порача дека тој и огнените во Собрание би гласале за паѓање на Владата, но, тврди нема соработка со ВМРО-ДПМНЕ.