Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Меџити: Ахмети најмалку десет пати ме молеше да формираме фракција во ДУИ
Македонија

Меџити: Ахмети најмалку десет пати ме молеше да формираме фракција во ДУИ

06/04/2023

AA

Токму претседателот Ахмети најмалку десет пати во минатото ме молеше да формираме фракција внатре во ДУИ, но сега се појави потребата да има фракција во Демократската унија за интеграција и не знам од кои причини тој баш сега се изјасни дека нема да дозволи формирање на фракција, имајќи предвид дека секој ден промовираат европски фронт, фракциите се европска вредност на европски партии, а ако сакаат и понатаму да промовираат европски фронт, тогаш немаат право да бидат против европските вредности или против фракциите во ДУИ, истакна на денешната прес-конференција пратеникот од редовите на ДУИ, Изет Меџити, на прашањето околу оспорувањето на фракцијата од страна на претседателот на ДУИ, Али Ахмети.

На новинарските прашања дали може да станува збор за поделба од партијата и одење со посебни листи на следните избори, Меџити децидно одговори дека нивната цел е да ја добијат битката внатре во ДУИ.

На прашањето дали постои страв од исклучување од партијата поради непочитување на статутот одговори градоначалникот на Сарај, Блерим Беџети, кој рече дека изворот на проблемот е во тоа што почнаа сомнежи дека узурпирани се органите на партијата од страна на министрите на ДУИ.

Ние не сметаме дека ние сме прекршители на статутот, напротив, до тоа е дојдено од страна на узурпаторите на органите на партијата и непочитување на статутот. Од правна гледна точка мислам дека некои други треба да носат одговорност за непочитување на статутот, а не ние, истакна Беџети.

Градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу претходно на прес-конференцијата рече дека се обврзуваат да бидат гласот на сите Албанци.

– За жал, три години по ред алармираме дека не се почитуваат Статутот и програмата на ДУИ, што најдобро го докажува неформирањето на партиски тела за овие години. Денеска стоиме пред вас како фракција и се обврзуваме дека ќе бидеме гласот на потребите и барањата, не само на нашиот електорат, туку на сите Албанци и овој глас нема никој да го замолчи. За нас гласот на народот е сè, затоа што ова е гласот на разумот и ќе го покажеме на дело правилното, принципиелното и сеопфатното функционирање, изјави Ганиу.

Според него има двојни стандарди за време на дебатите и носењето на одлуките. Напомена дека нивниот предлог за гласање недоверба на министрите бил одбиен. Според Ганиу, органите на ДУИ не функционираат според Статутот, а политичките одлуки се носат исклучиво од министрите на ДУИ.

Градоначалникот на Чаир посочи дека меѓу нив и ДУИ има разлики во ставовите околу спроведувањето на албанскиот јазик во пракса и изнесе неколку предлози за власта, меѓу кои и отстранување на 20 проценти од Уставот, регулирање на статусот на семејствата на борците на ОНА, обезбедување на услови за гласање на дијаспората по електронски пат, казината да бидат надвор од населени места, зголемување на минималната и просечната плата, како и зајакнување на општините.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy