
Мбапе се врати, даде и гол, ама ПСЖ – пак не победи! (ВИДЕО)
Тој не беше стартер, но влезе во игра по само шест минути игра во второто полувреме, а веќе во 62-та се запиша како стрелец, реализирајќи пенал. Сепак, ПСЖ не го надгради водството, а Тулуз ја дочека шансата исто така од белата точка и тоа во 87. минута. Прецизен беше Абухлал.
Ова е второ реми за ПСЖ, откако во првото коло на домашен терен не можеше да му даде гол на Лориен. Мбапе, практично, го постигна првиот гол за тимот оваа сезона, а неговата судбина уште е неизвесна. Ова може да ја потврди теоријата дека 2023/24 сезона ќе ја одигра во ПСЖ, но неговата желба да му се приклучи на Реал Мадрид е јавно позната.
Mbappe scores for Real Madrid 😂pic.twitter.com/WK9RsU7Q4d
— M A K A V E L I ☄️❄️ (@centro241) August 19, 2023
