Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Мбапе промашуваше, ВАР поноштуваше голови, ама ПСЖ конечно победи по два кикса (ВИДЕО)
Спорт

Мбапе промашуваше, ВАР поноштуваше голови, ама ПСЖ конечно победи по два кикса (ВИДЕО)

02/02/2023

AA

Пари Сен Жермен после два кикса се врати на победничкиот колосек со победата со 3-1 над Монпелје, па избега на четири бода пред Марсеј, а пред пред Ланс, кој го загуби чекорот вечерва со поразот дома со 0-1 од Ница, во вонредното 21 коло во Лига 1.

Во тотално луд меч во Монпелје, Килијан Мбапе успеа да утне два пенали во десетата минута (првата утка беше повторена), па на одбиена топка и празен гол од три метри, по што се повреди и беше заменет во 21.та минута, а на сцена стапи ВАР за да им поништи голови за офсајд на Лионел Меси во 35-та и на Ашраф Хакими во 52-та, но домаќинот не успеа да додржи.

Фабијан Руиз го скрши отпорот во 55-та, Меси го дуплираше водството во 72-та на асистенција на првиот стрелец, а Зир-Емери стави печат на победата во 90+2-та минута, откако Монпелје се врати во мечот минута пред крајот на регуларните 90 со погодок на Нордин.

Гаетан Лаборде со голот во 57-та минута на Ница ѝ донесе голема победа за да го расплака Ланс, па главниот конкурент на ПСЖ за титулата сега падна на третото место после триумфот два часа претходно на Марсеј и тимот од северна Франција сега е на минус пет во однос на лидерот и првак.

Монако со 3-2 го победи Оксер за да остане четврти со 41 бод, а Рен беше уште поубедлив со триумфот со 3-0 против Стразбур за да биде петти со 40 бода. Само Лион не успеа да победи и дома ремизираше без голови со Брест.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy