
Мбапе погоди по 10 минути игра и стигна до јубилеј во Лигата на шампионите (ВИДЕО)
Стрелец беше Килијан Мбапе кој со тоа стигна до својот јубилеен 50. гол во елитното натпреварување како само деветти играч во историјата кому му успеало тоа. За да дојде до оваа бројка, на Французинот му требаа 79 натпревари, а досега шест гола постигна за Монако, 42 за ПСЖ и два за Реал.
Освен ова, Мбапе се израмни на осмото место на вечната листа на стрелци во Лигата на шампионите со својот сонародник Тиери Анри, а Карим Бензема со 90 гола останува најефикасен Французин во елитното натпреварување.

