
Мбапе почна да дава голови во Ла Лига, Реал Мадрид го победи Бетис! (ВИДЕО)
Отпорот на Бетис траеше до 67. минута кога по маестрална асистенција со пета на Валверде, Килијан Мбапе постигна деби гол во Ла Лига за водство на Реал Мадрид од 1-0.
Осум минути подоцна Мбапе даде уште еден гол, овојпат погоди од пенал за водство од 2-0, што беше и конечен резултат на мечот.
По четири одиграни кола во Ла Лига, Реал Мадрид има четири бода помалку од Барселона која е на врвот на табелата.