Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ФИРМИ СЕ РАСКОМОТИЈА КАЈ УЈП: Долг од 272 милиони евра за ДДВ
Економија

ФИРМИ СЕ РАСКОМОТИЈА КАЈ УЈП: Долг од 272 милиони евра за ДДВ

02/09/2024

AA

За 40 милиони евра се зголемил долгот за плаќање на ДДВ од страна на фирмите кон Управата за јавни приходи за само една година. Ова е објавено во новиот извештај на УЈП по сумирањето на резултатите од работењето во минатата 2023 година.

Во изминатите години Управата го задржал како „стабилен“ долгот за неплатен Данок на додадена вредност со варирање од 230 до 237 милиони евра од 2019 до 2022, но потоа за една година тој се искачи на 272 милиони евра. Станува збор за неплатен долг до крајот на минатата година од точно 16.643.122.930 денари. За една година се зголемил бројот на должници од 17.661 на 18.293 субјекти. УЈП пред два дена се закани дека за секој ден задоцнето плаќање се пресметува камата од 0,03 отсто од преостанатиот долг кога станува збор за месечните должења и дека за даночните обврзници што и по овој повик нема да уплатат, од оваа седмица ќе ќе се спроведуваат мерки за опоменување и блокирање на трансакциските сметки.

„На 31.12.2023 година, 18,293 обврзници должат ДДВ во вкупен износ од 16.643.122.930
денари. На 31.12.2022 година, 17,661 обврзник должат ДДВ во вкупен износ од 14.190.976.193
денари.
Во однос на состојбата на 31.12.2022 година ДДВ долгот е зголемен во апсолутен износ за
2.452.146.737 денари или за 17,28 отсто“, наведено е во извештајот.

На последната листа на „неплаќачи“ која јавно ја објавува УЈП, конкретно за долгови доспеани до крајот на април а неплатени до крајот на јули 2024, за неплатен ДДВ на врвот се Хант Осој Трејд, Окотна Трејд, Грофлер ЛТД и Пине Груп. Должат од 764 до 287 милиони денари. 

Долгот на фирмите значително се зголемил и кај данокот на добивка, а исто така е зголемено и должењето на малите фирми кои имаат промет до 100.000 евра годишно кои плаќаат еден отсто данок на вкупниот календарски приходи. Кај данокот на добивка долгот е 80 милиони евра и зголемен е за повеќе од 11 проценти. На последната листа на УЈП најголем неплаќач на данок на добивка е СГСМ – Оил/Гас Сервис со 46,9 милиони денари, но и неплатено ДДВ од 182 милиони денари.

„На 31.12.2023 година долговно салдо по основ на данокот на добивка изнесува 4.921.160.882
денари (долг без камата) и спореден со состојба на 31.12.2022 година со износ на даночен
долг од 4.417.924.589 денари покажува зголемување за 11,39 отсто.
Долговното салдо на данокот на добивка по поднесени даночни биланси на 31.12.2023
година изнесува 3.624.713.789 денари и е повисоко за 15,2 проценти во однос на долгот на 31.12.2022
кој е во износ од 3.146.322.250 денари.
Долговното салдо по основ на данокот на вкупен приход на 31.12.2023 година изнесува
1.295.096.379 денари и е повисоко за 2,36 отсто во однос на долгот на 31.12.2022 кој е во износ
од 1.265.180.534 денари“, реферира УЈП.

Позитивен резултат, ако може така да се гледа, има единствено кај фирмите и другите правни лица кои должат неисплатени бруто плати кон своите вработени. Таму единствено долгот бил намален. Изнесува околу 165 милиони евра  Не биле исплатени над 170 илјади плати.

„Во периодот јануари–декември 2023 година исплатителите на плати – правни лица,
вршители на дејност, паушалци, управители и од Институциите со Владините политики не
исплатиле плати по 172.465 поднесени и прифатени МПИН пресметки во вкупен износ на
јавни давачки во износ од 9.991.115.992 денари.
Во однос на состојбата на 31.12.2022 година кога долгот изнесува 10.060.026.183 денари,
долгот е намален во апсолутен износ за 68.910.191 денари или за 0,69 отсто“, .забележува Управата.

Светла точка се поефикасните даночни контроли кои утврдиле неправилности од околу 56 милиони евра, речиси двојно повеќе во однос на ефектите од претходните години.

А.К.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Ахмети најави повлекување: Нема да останам цел живот претседател на

13/06/2026
Македонија

Јакимовски тврди дека пресудата сѐ уште не му е врачена,

13/06/2026
Македонија

Проблеми со апликацијата „Мој ДДВ“: Корисниците не можат да скенираат

13/06/2026
Македонија

Едно лице приведено од вкупно шест пријави за семејно насилство

13/06/2026
Македонија

Приведени девет возачи за безобѕирно управување возило – сите возеле

13/06/2026
Македонија

Полициска акција на повеќе локации: Уапсени 12 лица поради дрога!

13/06/2026
Македонија

Приведени две лица од скопско – при преглед во возилото

13/06/2026
Македонија

Предлог притвор за 36-годишник: Со месеци силувал 12-годишно девојче во

13/06/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 43746
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Ахмети најави повлекување: Нема да останам цел живот претседател на ДУИ!

13/06/2026

ДУИ продолжува со процесот на подмладување на своите партиски структури, а претседателот Али Ахмети најави дека и самиот во иднина

Јакимовски тврди дека пресудата сѐ уште не му е врачена, a добил упатен акт за

13/06/2026

Поранешниот градоначалник на Карпош, Стевчо Јакимовски, тврди дека се соочува со правна и политичка неправда откако добил упатен акт за

Проблеми со апликацијата „Мој ДДВ“: Корисниците не можат да скенираат сметки!

13/06/2026

Граѓаните веќе трет ден се соочуваат со проблеми при користењето на апликацијата „Мој ДДВ“, која не е целосно функционална и

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy