
Мбапе нема да потпише нов договор со ПСЖ, но ќе им прости преку 100 милиони евра!?
На почетокот од оваа недела се случија радикални промени во ситуацијата на Килијан Мбапе, напаѓачот беше вратен во првиот тим на ПСЖ, дури и се најавуваше дека Французинот ја отворил вратата за потпишување на нов договор со ветување за трансфер летото во 2024 година.
Но „Л’Екип“ денеска пишува Килијан Мбапе и понатаму е на ставот дека нема да ја продолжи соработката со „светците“.
Сепак, напаѓачот е подготвен да се откаже од одредени бонуси и да му прости стотина милиони на ПСЖ.
Л’екип го опишува гестот на Килијан Мбапе како „лично жртвување“, а ПСЖ би можел да заштеди помеѓу 100 и 150 милиони евра.

