
Мбапе не се предава: Имаме сила за пресврт само добро да јадеме и добро да спиеме!
Мбапе после поразот посочи дека тимот треба до 8 март да се врати во потребната форма, а соиграчите добро да јадат и да спијат, зашто завршницата од мечот покажала дека со офанзива можат многу да постигнат.
„Крајот се памети, сега сме во негатива, ама сме виделе дека можеме да направиме пресврт и да им го направиме пекол ‘вториот дел’ на противниците. Сега треба да се соземеме, најважно е да се вратиме на потребното ниво за реваншот, а тоа е добро да јадеме и добро да спиеме. Ако играме офанзивно и како тим, нема да им биде лесно“, рече Мбапе.