
Мбапе конечно се огласи: Пред Европското првенство ќе знам каде ќе играм идната сезона
Не откри детали, односно не го објави клубот чии бои ќе ги брани идната сезона, но барем кажа кога сето тоа ќе биде официјално решено.
„Не можам сега да зборувам за тоа, ќе бидам маж и јавно ќе објавам кога се ќе биде решено. До почетокот на Европското првенство ќе знам каде ќе играм, а потоа ќе се фокусирам само на шампионатот во Германија“, изјави Мбапе во пресрет на пријателскиот дуел, токму против Германија.
Со месеци се зборува дека тој ќе ја продолжи кариерата во Реал Мадрид, но засега нема потврда за тоа ни од него, ни од претставниците на шпанскиот клуб.