
Мбапе има 6 милиони евра месечно во ПСЖ, а на крај на сезона уште – 60 милиони за лојалност!
Мбапе лани беше на чекор да се пресели во Реал Мадрид, безмалку сѐ имаше договорено, но во 48 часа се премисли и остана во ПСЖ, по што следеше бура во која се нагаѓаа сумите за кои парижаните успеале да го убедат да остане, а на крај излезе дека џиновскиот бонус е тој што пресудил.
Реал Мадрид му нудел 50 милиони евра годишно, но ПСЖ со 72 милиони годишно (шест милиони месечно) и плус уште 60 милиони за бонус за лојалност на крајот на секоја година, успеал да го наговори Мбапе да остане. И токму овие 60 милиони евра за лојалноста сега се најновото откритие на „Л’Екип“, настрана неверојатната плата за 24-годишниот фудбалер, кој веќе е најдобар стрелец во историјата на парискиот клуб откако за 185 милиони евра дојде од Монако во летото 2017 година, прво на едногодишен заем, а потоа со откупен договор.
Мбапе има договор со ПСЖ до крајот на идната сезона, летото 2014 година со опција за уште една година продолжување на договорот.