
Мбапе им соопштил на соиграчите: Заминувам од ПСЖ!
Веќе нема дилеми, Килијан Мбапе завршува со ПСЖ и конечно ќе го напушти францускиот клуб.
Тој на денешниот тренинг ги информирал и соиграчите за својата одлука да си замине од клубот.
Мбапе не го посочил идниот клуб, само им кажал дека ќе замине од ПСЖ.

