
Мбапе без гол и по три натпревари во Ла Лига, Реал не победи против Лас Пламас (ВИДЕО)
Рано уште во петтата минута од натпреварот Лас Палмас стигна до преднсот со голот Молеиро. Се обидуваа „кралевите“ да дојдат од израмнување, меѓутоа домаќините на пауза заминаа со водство од 1:0.
Голот за израмнување беше дело на Винисиус Жуниор на 20-тина минути пред крајот и тоа од пенал. Килијан Мбапе и во овој натпревар не успеа да го постигне својот прв гол во Ла Лига.
Во завршницата од натпреварот и уште еднаш се затресе мрежата на Куртоа, меѓутоа тој гол беше поништен поради недозволена позиција.