Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 МАЖИТЕ ЗАРАБОТУВААТ ПОВЕЌЕ ОД ЖЕНИТЕ: Колку изнесува просечната плата во Германија?
Економија

МАЖИТЕ ЗАРАБОТУВААТ ПОВЕЌЕ ОД ЖЕНИТЕ: Колку изнесува просечната плата во Германија?

27/07/2023

AA

Просечната бруто плата во Германија изнесува 3.646 евра бруто. Тоа е за 130 евра повеќе отколку во 2021 година. Мажите заработуваат повеќе од жените. Просечниот приход на мажите е за 365 евра поголем од оној на жените.

Сојузната агенција за вработување ги објави новите податоци за висината на платите. Овие бројки не само што го покажуваат просечниот приход во земјата, туку ги објаснуваат и разликите во приходите во одделни сојузни држави и оние меѓу мажите и жените. Половина од испитаниците заработуваат над 3.646, а другата половина помалку од таа сума. Сепак, треба да се напомене дека статистиката ги зема предвид само приходите на редовно вработените кои плаќаат придонеси. Значи, ако работите со скратено работно време, не влегуваат во овој просек. Додека многумина добија пониски плати поради краткорочните бенефиции за време на пандемијата, многумина забележаа дека нивните приходи повторно се зголемија минатата година. Во зависност од работното место, постојат големи разлики меѓу просечните плати. Особено високи плати во Германија заработуваат лекари, пилоти и машински инженери.

Највисок просечен приход е регистриран во Хамбург со 4.127 евра, потоа Баден-Виртемберг со 3.977 евра и Хесен со 3.938 евра. Најмал просечен приход е исплатен во источногерманските региони: Мекленбург-Западна Померанија (2.935 евра), Тирингија (2.945 евра) и Саксонија-Анхалт (2.993 евра). 

Инаку, Германија има потреба од работна сила и од увезува од странство. 

foto freepik.com/bedneyimages

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Вработен во Итна помош агресивно се однесувал кон вработени во

10/08/2026
Македонија

Топлотниот бран не попушта: Ова е прогнозата за следните две

10/08/2026
Македонија

Жители на Драчево алармираат: „Од паркингот направија депонија, страшно смрди“

10/08/2026
Македонија

МВР: Селекцијата за полициското училиште е во тек, сите кандидати

10/08/2026
Македонија

Истрагата за загадената вода во Гостивар во напредна фаза, Финансиската

10/08/2026
Македонија

32 пакувања марихуана пронајдени во пратка за затвореник во „Идризово“

10/08/2026
Македонија

Во Драчево граѓаните во паника веднаш бараат лекарска помош по

10/08/2026
Македонија

Ѝ го украле ранецот на 67 годишна пензионерка во Центар,

10/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44951
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Вработен во Итна помош агресивно се однесувал кон вработени во здравствена установа, и им се

10/08/2026

На 09.08.2026 во 19:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека околу 16:50 часот во здравствена установа на подрачјето на

Топлотниот бран не попушта: Ова е прогнозата за следните две недели

10/08/2026

Во следните две недели не очекува претежно сончево и исклучително топло време, со високи дневни температури кои на моменти ќе

Жители на Драчево алармираат: „Од паркингот направија депонија, страшно смрди“

10/08/2026

До редакцијата на 4NEWS.MK се обрати читател од Драчево, кој алармира за сериозен проблем со натрупување отпад на паркинг-просторот спроти

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy