Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Мажите уште ме пцујат што Смиљана ја побарав за жена на „Бубамара“: Искрено со Сашко Коцев
Магазин

Мажите уште ме пцујат што Смиљана ја побарав за жена на „Бубамара“: Искрено со Сашко Коцев

05/05/2023

AA

Сашко Коцев е еден од омилените актери на публиката. Со години вработен во МНТ, зад себе има куп улоги,  филмови, серии, стендап-комедии. Годинава недостигаше на „Бубамара“, со филмот „Налепница“ ги собра сите награди, а на 6 мај во Скопје ќе биде премиерата на  „Нешто слатко“, во кој игра со Јелена Јованова.

Сашко беше гостин во студиото на „Репортер“ . Што на смеење, што сериозно, зборуваме за сè.  Дознавме зошто не беше на „Бубамара“, а ни откри и дали му се допаднла оваа година менифестацијата без него.

Низ смеа раскажува како се снашол во Словенија додека снимаше филм.

„По 20 часа возење од Скопје, оти беше метеж, конечно, стигнав во Љубљана. Се јавувам во хотелот и екипата ми вика, качи се, тука сме на 15. кат. Се качувам ја залетан, среќен што ги гледам, влегувам внатре и викам: Дечкии … кај сте, еве ме! И, тие, по малку роботски, мртви ладни: Здраво. Како си? Викам, што ви е, брее? Па кај нас не е вака, па треба да ме гушнеш, па да кажеш кај си брат, па да ми ги скршиш ребрата“, низ смеа раскажува Коцев.

Особено интересно е како со Словенците се седи во кафеана оти не знаат што е мезе. „Па кај нас се седнува во кафеана во 14 часот и се станува утредента. Тука, пола саат – нарачуваат, јадат и си одат. Им викам, чекајте беее… полека. Прво се нарачува мезе, па после се руча“, раскажува Коцев.

Со Смиљана е 10 години во брак. Низ насмевка ели дека до денес е ненаспан откако се родила Јоана. Не крие дека популарноста му годи и дека живее за аплаузот.

За популарноста и како реагираат луѓето, има куп анегдоти за кој зборуваше во интервјуто. Муабетот со Сашко секогаш е поинтересен да се гледа, па и во интервјуто не изостана хуморот на Коцев.

За бракот, каков сопруг и каков татко е, за хуморот, готви ли дома, како раскажува приказни на ќерка сѝ… Гледајте го интервјуто.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy