
Маж на 51 година од Македонија почина во Банско
Во месноста Шилигарника над Банско во Република Бугарија загина 51-годишен маж од Македонија, објави БТВ. Најверојатно причина за смртта е срцев удар. Локалната полиција соопшти дека нема видливи траги на насилство. Мажот бил на одмор со семејството во зимскиот центар.
