
Маж им се заканувал на пожарникари на патарина Петровец, па им го оштетил возилото!
На 17.09.2025 околу 13:45 часот во СВР Скопје, С.Г.(28) од Скопје пријавил дека кај наплатна рампа Петровец, додека се движеле со службено возило со негови колеги пожарникари, едно лице им упатувало закaни и со употреба на физичка сила го оштетило нивното возило.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.