
Маж доби кривична пријава, пополнил изјава за изгубена возачка, но истата му била приложена во Германија!
Кривична пријава доби 48-годишно лице М.М. од село Извор, општина Чашка.
За него постои основа на сомнение за сторено кривично дело „давање лажен исказ“, казниво по член 367 од Кривичниот законик.
Како што велат од СВР Велес, тој на 10.11.2025, пополнил и потпишал писмена изјава дека ја изгубил возачката дозвола и поднел барање за издавање на дупликат возачка дозвола.
По извршени проверки, констатирано е дека М.М. возачката дозвола која ја пријавил за изгубена, ја приложил во Германија, со цел да изврши замена за германска возачка дозвола.

