Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Матичните гинеколози наплаќале илјадници денари за услуги кои се БЕСПЛАТНИ – ги казнија 25.000 денари!
Македонија

Матичните гинеколози наплаќале илјадници денари за услуги кои се БЕСПЛАТНИ – ги казнија 25.000 денари!

27/12/2025

AA

Пациентките во Македонија со години биле жртви на незаконска наплата кај своите матични гинеколози.

Иако прегледите, ехо-дијагностиката и ПАП-тестовите се бесплатни, многу ординации наплаќале од 500 до неколку илјади денари под изговор за „издавање ЦД“, лекарски извештаи или транспорт на брисеви до лабораторија.

Заедничката контрола на Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) и Управата за јавни приходи (УЈП) откри поразителни резултати. Од 49 контролирани ординации, дури кај половината се пронајдени неправилности. Осум ординации директно наплаќале за бесплатни услуги, додека една третина имале проблеми со фискализацијата и прикривање на готовинскиот промет.

Директорката на УЈП, Елена Петрова, предупреди дека неевидентирањето на приходите во приватните ординации отвора простор за затајување данок и стекнување личен имот од неоданочени средства, што директно ја поттикнува сивата економија.

Ординациите кај кои се утврдени прекршоци се казнети со по 25.000 денари. Од Фондот предупредуваат дека ова е само прва мерка – доколку лекарите продолжат со истата пракса, следен чекор е трајно раскинување на договорите со овие здравствени установи.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

04/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

04/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy