
Матеус го избра идеалниот тренер за Баерн Минхен
Легендарниот Лотар Матеус, сепак, има свој фаворит и смета дека Себастијан Хенес би бил идеален тренер за Баерн Минхен.
„Има само еден идеален тренер за Баерн, а тоа е Хенес. Тој е одличен во Штутгарт и на добар пат да се избори за место во Лигата на шампиони“, кажа Матеус.
Хенес од 2023 година работи во Штутгарт, а претходно беше тренер на Хофенхајм, како и на вториот тим на Баерн.