
Мате Павиќ го освои Вимблдон, па му порача на Перишиќ: Време е да дојдеш во Хајдук!
Павиќ со украинската тенисерка Људмила Киченок славеше со 6-4, 6-7, 6-3 против белгиско-кинескиот пар Јоран Влиеган – Ксу Јифан, па хрватскиот тенисер дојде до својот шести пехар на гренслемовите, а трет на Вилблдон.
„Секогаш е сјајно чувството да играте финале, секој Вимблдон е своја приказна. Ѝ благодарам на Људмила што сјајно го одигра овој турнир, благодарност и до физиотерапевтот кој нѐ спои. Сакам да му се заблагодарам на својот тим, на девојката, се надевам уживавте и сакам амо уште нешто да кажам – Иване, време е!“, рече Павиќ по освојувањето на пехарот.
Перишиќ беше денеска на трибините на Вимблдон и навиваше за својот сонародник.
Видео од обраќањето на Павиќ може да погледнете ТУКА.
