Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Масовниот убиец од Прага бил инспириран од русинка
Македонија

Масовниот убиец од Прага бил инспириран од русинка

23/12/2023

AA

Дејвид Козак, студент на Филозофскиот факултет на Карловиот универзитет во Прага, во четвртокот уби 15 лица и рани 30 во зградата на факултетот, наводно инспириран од пукање во училиште во Русија.

Како што пишува „Тајмс“, заклучокот за тоа каква инспирација бил донесен е врз основа на објавите на Козак на мрежата Телеграм, каде што тој наводно објавил дека „Алина Афанаскина премногу му помогнала“.

“Отсекогаш сакав да убивам, мислев дека во иднина ќе станам манијак. Сфатив дека е многу поисплатливо да се прават масовни убиства отколку сериски. Седнав. Чекав. Сонував. Сакав … но Алина стана последната точка.Како навреме да ми дојде помош од рајот“, наводно напишал на таа социјална мрежа.

Да потсетиме, во пукањето во училиштето во Брјанск, Русија, што се случи на почетокот на месецов, загина едно девојче, додека пет ученици се повредени. По пукањето, Алина изврши самоубиство.

Алина Афанаскина тој ден доцнела, влегла во училницата каде била и нејзината сестра близначка. Двете сестри оделе заедно на училиште, иако инспекторите сугерирале дека сестрата веројатно не била свесна за плановите на Алина. Пукањето се случило во гимназијата.

– Слушнавме звуци, удирање, мислевме дека топката удри во ѕид, мислевме дека доаѓа од часот по физичко. Но, наставникот излезе во салата и рече: „Не, ова е нешто страшно“. И две мали девојчиња дојдоа по неа. Рекоа дека пукаат… Почнаа да се забарикадираат. Момчињата ја блокираа вратата со маси, едно од девојчињата повика полиција – изјави тогаш еден ученик.

Според руските медиуми, учениците изјавиле дека девојчето е „многу чудно, не била активна на социјалните мрежи и едвај комуницирала со соучениците“.

Ловечкото оружје од кое е извршено пукањето е регистрирано на таткото на девојчето.

Дејвид наводно на социјалната мрежа Телеграм изјавил дека ќе изврши масакр на универзитетот и дека можеби ќе се самоубие. Пишуваше на руски, а истакна дека е инспириран од Алина. Тој наводно напишал дека таа не убила доволно луѓе и дека наводно ќе се обиде да го поправи тоа.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДОСЕГА 10 ПРИВЕДЕНИ ВО ИСТРАГАТА ЗА ПЕТТЕ ТОНИ МАРИХУАНА ФАТЕНИ

20/02/2026
Македонија

ОПОЗИЦИЈАТА Е ИЗГУБЕНА ВО СВОЕТО ПОЛИТИЧКО МОЧУРИШТЕ Нападите кон мене

20/02/2026
Македонија

НЕМА ПРЕДВРЕМЕНИ ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ Владината реконструкција најдоцна до јуни

20/02/2026
Македонија

УТРЕ ПРОМЕНЛИВО ОБЛАЧНО И ПОСТУДЕНО ВРЕМЕ Следните денови пораст на

19/02/2026
Македонија

ЛЕНЧЕ РИСТОСКА ОТПАДНА ОД КОНКУРЕНЦИЈА Нема да биде државен јавен

19/02/2026
Македонија

Хоџа: Делегација од Турција со 30 бизнисмени заинтересирана за инвестиции

19/02/2026
Македонија

Десетмина пред суд по заплената на пет тони марихуана во

19/02/2026
Македонија

ИСТРАГАТА ЗА ДРОГАТА ЗАПЛЕНЕТА ВО СРБИЈА ВОДИ КОН ВАЖНИ ИМИЊА

19/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41685
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

НАТО со нова обврска – 5% од БДП за одбрана и безбедност до 2035 година

25/06/2025

Земјите членки на НАТО на денешниот Самит во Хаг постигнаа историски договор – до 2035 година секоја земја ќе вложува

Лавров: Западот сега бара од нас безусловно примирје во Украина

24/06/2025

Западот сега нè моли за прекин на огнот во Украина без дополнителни услови, иако Володимир Зеленски категорично го одби тоа

Песков: Русија е подготвена да му помогне на Иран на многу начини, сè зависи од

23/06/2025

Русија е подготвена да му помогне на Иран на различни начини поради ескалацијата на Блискиот Исток, а тоа во голема

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy