Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 МАСОВНИ ЕВАКУАЦИИ ОД САНТОРИНИ, АВИОНИТЕ ЛЕТААТ ПОСТОЈАНО: Тлото на островот не престанува да се тресе
Регион

МАСОВНИ ЕВАКУАЦИИ ОД САНТОРИНИ, АВИОНИТЕ ЛЕТААТ ПОСТОЈАНО: Тлото на островот не престанува да се тресе

03/02/2025

AA

Училиштата
остануваат затворени, а обезбедени се дополнителни летови за да им се овозможи
на луѓето да го напуштат грчкиот остров Санторини денеска бидејќи десетици
земјотреси го потресуваат популарното одморалиште четврти ден.

Од петокот се
забележани земјотреси меѓу вулканските острови Санторини и Аморгос во Егејското
Море, принудувајќи ги властите да ги затворат училиштата на островот Санторини
и блиските острови Иос, Аморгос и Анафи.

Земјотреси, некои
со јачина над 4 степени, го потресоа денеска повторно Санторини на секои
неколку минути, а на луѓето им беше препорачано да се држат настрана од
затворени простори и мали пристаништа. Единиците за одговор при катастрофи се
распоредени на терен како мерка на претпазливост. Експертите соопштија дека
сеизмичката активност на островот ќе продолжи. Некои од најнаселените области
на островот се наоѓаат на стрмни карпи.

Земјотресите не престануваат.

„Проценуваме дека
(активноста) ќе продолжи во наредните денови и може да има долга сеизмичка
секвенца“, изјави Ефтимиос Лекас, професор по тектонска геологија и управување
со катастрофи и дел од тимот експерти што ја проценуваат ситуацијата на
теренот.

Локалните власти
изјавија дека мештаните не биле особено загрижени бидејќи биле навикнати на
земјотреси, но некои кои биле на островот поради работа почнале да го
напуштаат. Aegean Airlines соопшти дека ќе обезбеди три дополнителни летови до
и од Санторини во понеделник и вторник за да го олесни патувањето за локалното
население и посетителите на барање на грчкото Министерство за цивилна заштита.

Грција се наоѓа
на неколку раседни линии и често е потресена од земјотреси. Една од најголемите
вулкански ерупции во историјата, околу 1600 п.н.е., го формира Санторини во неговата
сегашна форма. Последната ерупција во областа се случила во 1950 година.
Експертите велат дека благата вулканска активност забележана во близина на
Санторини во последните денови не е поврзана со земјотреси.

фото: Unsplash

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy