
МАСОВНА ТЕПАЧКА ВО ШТАЛА, ЕДНО ЛИЦЕ ТЕШКО ПОВРЕДЕНО Спор за имот ескалираше во физичка пресметка

На 14 декември 2025, околу 14:15 часот, во село Арнакија, скопско, по претходни нерасчистени имотно-правни односи, дошло до физичка пресметка меѓу два групи: М.З. (24), Л.З. (21) и Р.З. (59) од една страна, и А.З. (63), С.З. (30) и Б.З. (35) од друга страна.
За време на инцидентот биле користени и тврди предмети, при што Р.З. се здобил со тешки телесни повреди, а М.З. и Б.З. со полесни повреди, констатирани во Градската општа болница „8 Септември“ и Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
По целосно документирање на случајот, полицијата најавува поднесување соодветна пријава.
.
