Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Масовна прослава на Ѓурѓовден во делчевско кај месноста ,,Скокото”
Македонија

Масовна прослава на Ѓурѓовден во делчевско кај месноста ,,Скокото”

06/05/2023

AA

Христијанскиот празник Ѓурѓовден во Делчевско е масовно одбележан кај месноста „Скокото” во селото Габрово. Во чест на светецот Ѓорѓи организаторите подготвија црковен ручек за над 200 посетители, како од Габрово, така и од околните села и градот Делчево.

– Се наоѓаме на местото Света вода ,,Скокото” каде веќе петта година како го славиме Ѓурѓовден. До лани и полани бевме во помал број, а сега лека полека го доградуваме местото, нека сме живи и здрави да може да градиме повеќе, да направиме една зграда за да го сместиме инвентарот. Кај иконата на Св.Ѓорѓи планираме да поставиме и други икони и лека полека да се завршува просторот. Благодарност до сите православни верници што дојдоа да го одбележиме Ѓуѓрѓовден и светецот Св.Ѓорѓи и честит празник на сите што го слават Св.Ѓорѓи, истакна Горан Анакиевски од село Габрово.

Според верувањата на постарите водата која извира од под карпите лекува болки во очите и нозете. На местото, како што додаде Анакиевски, планирано е да биде поставен и црковен крст како донација од сограѓанин кој живее во Скопје, а планирано е и изградба на поголема настрешница како засолниште во случај на дождливи денови.

За дел од посетителите од околните села, местото „Скокото” има туристички потенцијал.

– Убаво место, прв пат доаѓам, ама е многу убаво. Доколку има можност да се направи и зграда ќе биде туристичка атракција, ќе доаѓаат луѓе и луѓе, вели посетител од селото Ѕвегор.

Постарите готвачи кои учествуваа во подготовката на црковниот ручек велат дека е чест да се готви за народот, но за во иднина, велат, потребен е поголем интерес од младите готвачи.

– Господ здравје да дава за сите, нека биде побогато следната година. Многу добра организација. Јагнешко со ориз е годинешниот ручек, го спремаме секоја година, додека можеме ќе подготвуваме а ако има интерес од младите, нека не побараат ќе им кажеме како се подготвува вкусен црковен ручек, истакна Ванчо Златковски од Делчево.

Меѓу присутните гости кои дадоа свој придонес во одбележувањето на Ѓурговден имаше и иселеници во Швајцарија.

– Како што гледате јас пак дојдов. Нека е на помош на сите православни и сите кои го слават, иако ја почитуваме традицијата и во Швајцарија ете гледате колку има народ. Од година во година се работи на ова место, се израмни просторот, зградичка ќе направиме, ,,од народ се прави – за народ се прави”. Ги повикувам сите иселеници особено Габровци да дојдат на Ѓурѓовден овде и да бидат дел од настанот догодина, истакна иселеникот Зора Димитровска.

Кај месноста „Скокото” од три карпи се слева вода, а направен е мал извор од каде луѓето се замиваат за здравје.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy