
Маскирани напаѓачи во Врачар со безбол палки демолирале автомобили на пензионери
Маскирани напаѓачи, со бејзбол палки, демолирале автомобил во Врачар, околу 19 часот.
Според очевидци, тројцата напаѓачи биле на улицата Шуматовачка, игнорирајќи ги минувачите, удирале со палки во автомобилот додека не ги искршиле сите стакла и целосно го демолирале возилото, а потоа избегале.
Случајни минувачи повикале полиција, која извршила увид.
Како што дознава Н1, сопственици на возилото што е демолирано се пензионери, кои се шокирани што нивниот автомобил е мета на напаѓачите, со оглед на тоа што правилно паркирале и редовно плаќаат за паркинг место.
